КАДРИТЕ ГИ БИРАМЕ СПОРЕД ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, А НЕ СПОРЕД ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ Тошковски вели дека во МВР има доволно Албанци на раководни позиции

За првпат во историја на Македонија началник на Регионален центар Север е Албанец. РЦ Север има многу повеќе поголема надлежност РЦ Запад, многу поголема територија контролира, многу повеќе полициски службеници работат таму – рече министерот за внатрешни работи Тошковски.

144

Кадрите во МВР се професионалци и во ниту еден случај не се бираат по етничка припадност, туку според нивната професионалност, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на прашања од пратеничката на ДУИ Арбана Пашоли за застапеноста на раководните кадри за западна Македонија.

Пашоли рече дека граѓаните се загрижени што на раководни места нема Албанци, посочувајќи дека во минатото секогаш имало и раководители и заменици раководители.






Тошковски рече дека очекувал вакво прашање со кое, како што рече, пратеничката ја манипулира јавноста и сите нејзини граѓани или пак има погрешни информации. Тој рече дека и покрај претходните напади на опозицијата дека во Дебар ќе нема ОВР, тоа сè уште функционира.

– Еве поминаа колку месеци, три четири, пет, ништо не е сменето. Во најмала мера неточни се информациите. Неточна ви е тезата дека Албанците биле деградирани. Зошто не кажете за РЦ Север, кој има повеќе вработени, зошто не кажете дека таму никогаш немало Албанец на раководно место, еве сега има – рече Тошковски.

Тој ја праша пратеничката дали ги бира лекарите по националност кога се лекува, посочувајќи дека тој силно верува во стручноста и професионалноста, без да ја гледа етничката застапеност.

– За првпат во историја на Македонија началник на РЦ Север е Албанец. РЦ Север има многу повеќе поголема надлежност РЦ Запад, многу поголема територија контролира, многу повеќе полициски службеници работат таму – кажа Тошковски.

Тој додаде дека во Липково во некои други општини работат управни служби, нагласувајќи дека во МВР во управните служби по однос на етничка застапеност има над 50 проценти Македонци и над 39, проценти Албанци, и праша дали треба да ги деградира професионалците и да ги спушти на 25 проценти, иако професионално си ја вршат работата. Тој посочи дека во Тетово 23, 6 проценти се Македонци и 66, 29 проценти Албанци. Тој ја повика пратеничката да поставува прашања за други заедници, укажувајќи дека, за разлика до неа, тој секогаш се залага сите граѓани на оваа земја.

Пратеничката Пашоли рече дека не е задоволна од одговорот на министерот за внатрешни работи.

Поврзани содржини