ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ВО ЛИФТ ВО РАДИШАНИ Вратата ненадејно се отворила и се затворила

Несреќата се случила на 22 август додека мајката и нејзините деца биле во лифт во станбена зграда. Тешките повреди на тригодишното девојче биле констатирани во градската болница „Св. Наум Охридски“

3

Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки телесни повреди.






Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини