ТРОТИНЕТИТЕ ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА За 5 часа казнети 72 возачи на лесни електрични возила

Засилената контрола била насочена кон возачите на лесни електрични возила. Најмногу санкции изрекла Мобилната единица за безбедност на сообраќајот, а полицијата открила и 260 други прекршоци.

0

Само 5  часа ѝ биле потребни на полицијата за да санкционира 72 возачи на лесни електрични возила низ Македонија. Акциската контрола се спроведуваше вчера од 17 до 22 часот.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата ги контролирала прекршоците што ги прават возачите на овој вид возила.






Тетово и Битола со по 11 санкции

На подрачјата на СВР Тетово и на СВР Битола биле санкционирани по 11 возачи. Во Велес имало осум, а во Куманово седум санкции.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирала уште 20 возачи на лесни електрични возила.

Покрај тротинетите, уште 260 прекршоци

Полицијата за време на истата контрола регистрирала и 260 други сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавија дека контролите ќе продолжат и во наредните денови и апелираа до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата.

Поврзани содржини