СДСМ ПОТВРДИ ДЕКА САКАШЕ ДА ДОЗВОЛИ ПРОМЕНА НА ПОЛОТ НА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛСКА СОГЛАСНОСТ Ги сопре реакцијата на јавноста, потсети ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, вчера на Фејсбук објави дека Законот за матична евиденција, кој предвидуваше промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите, не е социјалдемократска идеја.

94

СДСМ е фатен на дело, потврди дека имаше во план да дозволи промена на пол на малолетни деца, без притоа да имаат дозвола од родителите или од старателите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ повторно е во кавга со свој поранешен градоначалник, кој ги обвини дека за овој проект, тие велат, цитираме: Ова не е вистина, законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и тој закон беше повлечен, нема никаква врска со нашата нова програмска платформа. Со ова, СДСМ само ја потврди целта дека имал на ум да го протурка овој закон, но со реакциите на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ беше стопиран“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Затоа се во опозиција, додаде партијата, а после ова сметаме дека уште толку ќе се маргинализираат.

„ВМРО-ДПМНЕ како и тогаш и денес не ги поддржува ваквите експерименти на СДСМ“, се додава во соопштението.

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, вчера на Фејсбук објави дека Законот за матична евиденција, кој предвидуваше промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите, не е социјалдемократска идеја.

„​Јас искрено верувам во добрите намери на социјалдемократијата да заштитува маргинализирани групи, но некои работи се едноставно премногу.
​Во име на консолидацијата, убеден сум дека огромното мнозинство од моите партиски другари,со кои низ годините сум имал различни ставови по многу основи, овој пат ќе бидеме на иста страна. Ова не треба да помине! Ова го пишувам со најдобра намера за вистинските социјалдемократи за кои верувам дека оваа порака ќе допре до нив, за сите наши заеднички победи и порази, за нашето денес, но и за нашето подобро утре. ​Да ја подигнеме социјалдемократијата онака како што и личи како државотворна, прогресивна партија на граѓаните и за граѓаните“, објави Костадинов.

Поврзани содржини