ГО СМЕНИЛЕ ПЛАНОТ ЗА ПОЛСКА, МЕЈЛОТ ОСТАНАЛ НЕПРОЧИТАН Американците нема да испратат 4.000 војници

Полското воено раководство неколку дена не знаело дека САД ја стопираат ротацијата на повеќе од 4.000 американски војници, иако известувањето навреме пристигнало преку таен комуникациски систем. Според „Политико“, пораката останала непрочитана во мејлот на началникот на Генералштабот.

106

Одлуката на САД да го прекинат планираното распоредување војници во Полска предизвикала сериозен хаос откако се откри дека важното известување останало непрочитано во електронската пошта на началникот на Генералштабот, генерал Вјеслав Кукула.

Според бриселски „Политико“, американската порака пристигнала уште во понеделник преку класифициран комуникациски систем, но не била проследена до командата и Министерството за одбрана.






Поголемиот дел од армијата за промената дознал од медиумите.

„Сите дознаваме од медиумите“

Американскиот медиум „Арми тајмс“ во средата прв објавил дека е прекината ротацијата на повеќе од 4.000 американски војници од Втората оклопна бригада на Првата коњаничка дивизија. Дури потоа полската команда била официјално информирана.

– Сите сме бесни што за сè дознаваме од медиумите, а не од нашите претпоставени – рекол извор близок до Генералштабот.

Организациски хаос

Извори блиски до генералот Кукула тврдат дека пораката од Американците била многу кратка и испратена преку редовни воени канали.

Еден од соговорниците оценил дека проблемот лежи во системот за управување со тајната преписка.

– Началникот на Генералштабот често е отсутен и многу зафатен. Затоа треба да овласти други да ја читаат тајната преписка – рекол изворот.

Пентагон смирува, офицерите не веруваат

Пентагон во меѓувреме се обидел да ја намали тежината на ситуацијата и соопштил дека не станува збор за изненадна одлука.

Од полска страна, вицепремиерот Владислав Косињак-Камиш уверил дека американското присуство нема трајно да се намали.

Но, дел од офицерите тврдат дека бројот на американски војници сепак ќе биде намален, иако можеби не во обемот што првично се споменувал во медиумите.

Поврзани содржини