АЛЕК БОЛДВИН МУ ВОЗВРАТИ НА ИЛОН МАСК „Лупита Нионго е најубавата жена на светот“
По критиките дека актерка со темна кожа не треба да го портретира ликот на Елена Тројанска во новиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“, кој е опишан во класичното дело како најубавата жена на светот, Алек Болдвин застана во одбрана на својата колешка.
Откако изборот на актерката добитничка на Оскар, Лупита Нионго, за улогата на Елена Тројанска во новиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“ предизвика бура од критики, меѓу најгласните критичари беа претприемачот Илон Маск и конзервативниот коментатор Мет Волш.
Нивните коментари на социјалните мрежи предизвикаа поширока дебата за изборот на актери, Холивуд и толкувањето на античките митови.
Иако многумина беа воодушевени кога слушнаа дека Лупита ќе ја игра Елена, како што откри списанието TIME, некои во јавноста не го криеја своето незадоволство. Критичарите веруваат дека актерка со темна кожа не треба да го портретира ликот опишан во класичното дело како најубавата жена на светот.
Конзервативниот политички коментатор Мет Волш го изрази своето незадоволство на социјалната мрежа X.
– Тие ни велат дека не треба да се спротивставуваме на тоа црна жена да ја игра Елена од Троја. Ако големо холивудско студио направи филм снимен во Африка и избере бела жена како „најубавата жена во Африка“, истите тие луѓе буквално би дивееле по улиците. На пример, ако таа улога ја добие, Сидни Свини, тие би поттикнале смртоносно насилство. Сите знаеме дека тоа е вистина – напиша тој.
We’re told that we shouldn’t object to Helen of Troy being portrayed as a black woman. And yet if a major Hollywood studio made a film set in Africa and cast a white woman as “the most beautiful woman in Africa,” those same people would literally riot in the street. If, say,…
— Matt Walsh (@MattWalshBlog) May 13, 2026
Сопственикот на „Платформа Икс“, Елон Маск (54), ја поддржа објавата на Волш со краток коментар: „Точно“.
Кога еден корисник праша зошто режисери како Нолан „се толку склони да ги заменат белите ликови со актери од друга раса“, Маск одговори: „Тој сака награди“. Маск исто така тврдеше дека Нолан „го изгубил својот интегритет“ со ангажирањето на 43-годишната добитничка на Оскар.
Критиките на Маск отидоа дотаму што тој напиша:
– Крис Нолан се измоча на гробот на Хомер. Срамно.
Додаде и дека Нолан „грубо го навредил грчкиот народ“.
Алек Болдвин (68) исто така брзо се огласи. Тој објави фотографија од Лупита Нионго на Инстаграм и ја упати пораката директно до Маск.
– Драг Елон… но таа Е најубавата жена на светот – напиша Болдвин.
View this post on Instagram
Ова не е прв пат Маск да коментира за екипата на „Одисеја“. Порано овој месец, тој реагираше луто на гласините дека трансродовиот актер Елиот Пејџ е избран за улогата на Ахил. Тој го нарече ова „една од најглупавите и најперверзните работи што некогаш сум ги слушнал“.
Откако беше објавено дека Пејџ ќе го игра Елпенор, Маск ретвитна објава во која пишуваше:
– Не се потсмевам на нејзината машкост. Го негирам нејзиното постоење.
Инаку, Маск има трансродова ќерка, Вивијан, со која не е во контакт со години.