KOЛЕНИЧАТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ, А КОЧАТ КЛУЧНА РЕФОРМА Пратениците од СДСМ ја блокираат групата за Изборниот законик
Премиерот Христијан Мицкоски од Кичево порача дека реформите не се сведуваат само на уставни измени, туку и на носење суштински закони од Реформската агенда. Тој ја обвини опозицијата дека го кочи Изборниот законик и дека наместо да работи, „коленичи“.
Реформи не подразбираат само уставни измени со коленичење кои ги предлага СДСМ, туку клучни закони од Реформската агенда, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Кичево.
Премиерот вели дека опозицијата го кочи напредокот преку блкоирање на работната група за Изборниот законик.
– Имавме состанок со господинот Герт Јанг Копман којшто во рамките на Европската комисија тоа го движи. Сите сме оптимисти, од оние десет дека можеме девет ипол да испорачаме, од оние, а може и десет, буквално така заклучивме, коишто се во грејс период – изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски информира дека од учеството на опозицијата зависи самиот процес.
– Еден или два чекори зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс период, а тоа е Изборниот законик. Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој Реформски закон.
Првиот човек на Владата вели дека за СДСМ е најлесно да коленичи, наместо да работи.
– Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ коешто во моментот е раководство на СДСМ и дека најлесно им е да коленичат, наместо да работат. Но, реформите и доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Устав, туку има уште многу посуштински работи коишто треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат таму каде што коленичат.