ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ПРОДАЛЕ ПРОИЗВОДИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 66,2 МИЛИОНИ ЕВРА На годишно ниво пораснала продажбата на домати, свињи и овци
Индивидуалните земјоделци ја зголемиле продажбата на производите од сопствено производство за 16,1%.
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје од 2026 година изнесуваат 4.08 милијарди денари (66,23 милиони евра), што е намалување од 29% во однос на истиот лански период, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска.
Според овие податоци, во првиот квартал од годината откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 46,2%.
Истовремено, податоците покажуваат дека индивидуалните земјоделци ја зголемиле за 16,1% продажбата на производите од сопствено производство.
Во овој квартал земјоделците ја зголемиле продажбата на пченица, домати, свињи и овци, додека, пак, споредено со ланскиот квартал ја намалиле продажбата на јаболка, говеда, риби и млеко.
| I-III 2025 | I-III 2026 | |
|---|---|---|
| Пченица, во тони | 619 | 706 |
| Пченка, во тони | – | – |
| Домат, во тони | 100 | 506 |
| Јаболка, во тони | 3 107 | 1 786 |
| Грозје, во тони | – | – |
| Говеда, во тони | 228 | 165 |
| Свињи, во тони | 1 507 | 2 188 |
| Овци, во тони | 162 | 290 |
| Млеко, во хл | 163 693 | 161 341 |
| Риба, во тони | 28 | 27 |
| Печурки, во тони | 2 | – |