КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, А НЕ СОПЕРНИЦИ Си Џинпинг со дипломатска изјава на приемот за Трамп

И кинескиот и американскиот народ се големи народи. Остварувањето на големата преродба на кинеската нација и враќањето на величината на Америка можат да одат рака под рака - наведе Си.

64

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, на приемот организиран во чест на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Кина и САД треба да бидат партнери, а не соперници.

Тој посочи дека двете држави имаат потенцијал за соработка.

– И кинескиот и американскиот народ се големи народи. Остварувањето на големата преродба на кинеската нација и враќањето на величината на Америка можат да одат рака под рака – наведе Си.

Тој додаде дека двете држави можат да работат за општото добро.

– Можеме да си помагаме едни на други да успееме и да придонесеме за благосостојбата на целиот свет. Нашите две земји треба да бидат партнери, а не соперници, истакна Си.

Поврзани содржини