ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНАЛО ОД ТЕРАСА ОД СЕМЕЈНА КУЌА Пренесено е во Скопје за лекување

186

Петгодишно дете се здобило со повреди откако вчера паднало од балкон на семејна куќа во Гостивар.

Инцидентот бил пријавен во ОВР Гостивар од вработени во Ургентниот центар во 19:00 часот.






– Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување – информираа од МВР.

Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар.

Поврзани содржини