ДИЈАЛОГ МОРА ДА ИМА, ПОПУСТЛИВОСТ НЕ Муцунски побара средба со бугарската колешка на иден состанок на НАТО

Побарав на моја иницијатива да остварам билатерална средба официјална со мојата колешка од Бугарија (на состанок на НАТО во Шведска), каде што меѓу другото, една од темите кои што ќе ги дискутираме е и темата за овие неевропски услови кои што ни се наметнуваат на нашата државам, изјави шефот на македонската дипломатија.

1

Потребен ни е дијалог со Бугарија и во тој контекст јас побарав билатерална средба со мојата колешка од Бугарија на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО алијансата, што ќе се одржи во Шведска за околу десетина дена.

Вака изјави шефот на македонската дипломатија на прес-конференција во врска со последните случувања со новата министерка за надворешни работи на Бугарија Весислава Петрова Чамова.

– И покрај сѐ тоа што се случи во последните денови, мојот став беше прилично јасно артикулиран и јавноста го слушна за онаа несекојдневна и навистина непријатна епизода од пред некој ден – изјави Муцунски запрашан за кратката средба со Петрова Чамова на која таа го искористи навредливиот термин „северномакедонци“.

На новинарско прашање дека ставот на опозицијата дека прашањето за Бугарија е европски, а не билатерален проблем, Муцунски рече дека се чуди оти ставоите на Софија и на главната опозициска партија се совпаѓаат.

– Прво на кое што не можам да се изначудам е колку се совпаѓаат ставовите на Софија и на главната опозициска партија, но граѓаните нека судат на крајот на денот. Моја улога како министер за надворешни работи и улогата на Владата е секогаш да стои на линија на заштита на тоа што е наш национален интерес и приоритет на државата, што значи да не молчиме кога има обиди за понижување на државата, туку да си стоиме цврсто на тие позиции кои што на нас ни се значајни, но исто така и да преземаме чекори да правиме сѐ тоа што е потребно да ја движиме напред државата кон европскиот пат – рече Муцунски.

Според него, дијалогот со Софија ни е потребен, прво, како што рече бидејќи ни е сосед со кој што, покрај оваа блокада на нашата европска иднина, имаме и други предизвици, но и други проекти кои што ни се значајни во билатералните односи.

– За околу десетина дена сме во Шведска на состанок на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО алијансата, и побарав на моја иницијатива да остварам билатерална средба официјална со мојата колешка од Бугарија, каде што меѓу другото, една од темите кои што ќе ги дискутираме е и темата за овие неевропски услови кои што ни се наметнуваат на нашата држава – рече Муцунски.

Додаде дека засега нема одговор од бугарска страна, но изрази оптимизам дека ќе добиеме позитивен одговор.

– Како што со оптимизам сакам да верувам дека опозицијата по денешната прес-конференција ќе развие зрелост, исто така сум оптимист дека ќе добиеме позитивен одговор. Ние мораме да имаме дијалог, колку и да не се согласуваме, колку и некогаш да имаме дијаметрално спротивставени ставови по различни теми. Прво како луѓе, а второ како претставници на држави кои што делат граници, кои што имаат клучни проекти меѓу себе. Ние мораме да имаме дијалог. Тоа не значи дијалогот не треба да значи и попусливост по секоја тема. Има, тоа се две сосема различни работи. Но дијалог мораме да имаме – заклучи Муцунски.

На новинарско прашање дали ќе го донесат изборниот законик со оглед дека опозицијата излезе од работната група, како што беше случајот со техничката влада само со консензус, тој рече дека европските закони имаме обврска да ги донесеме од повеќе причини – прво тие се насочени кон институционално подобрување на системот на државата и второ, неносењето на тие закони значи дека државата ќе губи средства од европските фондови.

– Замислете, опозицијата којашто ни зборува за Европа и европски фондови ја става државата во ситуација да губи средства за проекти за капитални инвестиции коишто треба да ги привлечеме од европските фондови. А истовремено јавноста треба да знае дека, посебно за Изборниот законик, Деловникот за работа на Собранието, инаку Деловник изработен заедно со ЕУ, предвидува можност за таканаречен филибастеринг. Значи, многу мал број на пратеници може да го блокираат тој закон. Изборниот законик треба да го носиме со консензус, затоа што тоа е законик којшто е значаен за процеси многу битни коишто и следат за државата. Дали ние како Влада одговорно размислување, размислуваме за начини на коишто е потребно да се создадат соодветни мнозинства за да се носат европските закони? Секако, размислуваме. Но апелираме, денес апелираме кон зрелост поврзан со европската интеграција, со европската иднина и зрелост поврзана со носење на подобри закони, каде што, коишто, ќе повторам, не се подготвени само од тимовите на Владата, туку закони коишто ги работиме со европски експерти и закони коишто носат финансирање на проекти преку европските фондови. Се надеваме на зрелост. Досега, за жал, морам да бидам искрен, не сме ја виделе, но имаме сепак обврска ние да работиме проактивно за да ги обезбедиме тие соодветни мнозинства – рече Муцунски.

Поврзани содржини