ДЕМАРШ ОД МНР ЗА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Остра реакција за „северномакедонски“ на Петрова Чамова

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамоваво својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, велат од МНР.

998

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија, Жељазко Радуков, брифираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за Плусинфо.

На нашето прашање каква реакција му е упатена на бугарскиот амбасадор, од МНР одговорија:






– На средбата му беше упатен усен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северномакедонски партнери.

Поврзани содржини