Територијата на Македонија останува под влијание на посвежа воздушна маса која се спушта од северозапад. Денеска и утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, објави на својот портал метеопрогнозерот Славчо Поповски.
И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.