📷 ЅИРНЕТЕ ВО НОВИОТ КОМПЛЕКС „ГОРИЦА РЕЗИДЕНС“ ВО ОХРИД Адреса каде мирот на природата се среќава со современиот луксуз

Резиденцијалниот дел на комплексот нуди 42 премиум апартмани, од кои два се дуплекс апартмани, внимателно дизајнирани за да овозможат максимална удобност, функционалност и естетика.

0

Локација каде што традицијата и наследството се во совршен спој со урбаното живеење и современиот дизајн, каде што езерскиот хоризонт се спојува со сонцето, а околината тоне во раскошно зеленило – тоа е новиот комплекс „Горица резиденс“ во Охрид. Ова не е само место за живеење, туку доживување што ги обединува природата, историјата и луксузот во една инспиративна целина, обезбедувајќи дополнителен поттик за домашната економија и за регионалниот развој.

Сместен на самиот брег на Охридското Езеро, „Горица резиденс“ нуди живот во ритамот на природата надополнет со сите удобности на урбаното домување, каде секое утро започнува со спокојството на езерото, а вечерта завршува со спектакуларно зајдисонце. Овој урбан комплекс со резиденцијална и хотелска намена, претставува совршен баланс меѓу приватноста и динамиката на современиот живот, нудејќи врвен архитектонски израз и услуги што исполнуваат највисоки стандарди.

Резиденцијалниот дел на комплексот нуди 42 премиум апартмани, од кои два се дуплекс апартмани, внимателно дизајнирани за да овозможат максимална удобност, функционалност и естетика. Секој апартман е ориентиран кон езерото, со панорамски поглед и изобилство од природна светлина, што создава чувство на просторност и спокој. Директниот пристап до приватна плажа и базен наменети за сите сопственици на апартмани, приватниот паркинг и 24-часовното обезбедување, го заокружуваат чувството на ексклузивност и сигурност. Резиденцијалниот дел од проектот и околното хортикултурно и партерно уредување ќе бидат финализирани до крајот на годинава, по што ќе биде подготвен да ги прими и првите станари.

Посебна вредност на локацијата е нејзината непосредна близина до културното и историско богатство под заштита на УНЕСКО. Животот во „Горица резиденс“ значи да се биде дел од простор кој е глобално препознаен како културно и природно наследство, каде секој чекор носи допир со историјата, а секој поглед открива нова приказна. Она што ја прави оваа локација уште повпечатлива е уникатната микроклима со планина што се издига зад комплексот и езеро што се протега пред него, создавајќи природен баланс кој обезбедува свежина во лето и пријатна клима преку целата година. Овој редок спој на природни елементи нуди квалитет на живот како вистинско прибежиште од урбаниот метеж.

На резиденцијалниот дел наскоро ќе му се придружи и луксузен хотел со 5 ѕвездички, кој ќе функционира под капата на интернационален бренд. Ова ќе донесе ново ниво на услуга и престиж, со содржини како спа центар, фитнес бар, салон за убавина, игротека, отворен базен, како и врвен ресторан и бар. Сопствениците на апартмани ќе имаат директен пристап до овие услуги, добивајќи комплетно хотелско искуство во удобноста на сопствениот дом.

„Горица резиденс“ не е само инвестиција во недвижност, туку и во иднината на регионот. Со својата амбиција и квалитет, проектот има потенцијал да стане двигател на нов инвестициски бран во Охрид и околината, привлекувајќи реномирани компании и поттикнувајќи развој на инфраструктурата и туристичката понуда. Присуството на луксузен хотел ќе привлече повисока категорија туристи, што дополнително ќе ја позиционира оваа дестинација на мапата на ексклузивниот европски туризам. Истовремено, ваквиот развој отвора можности за зголемување на авионските конекции преку охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ со нови директни линии кон европски метрополи, правејќи ја оваа дестинација уште подостапна и поатрактивна за меѓународните посетители и инвеститори.

Повеќе информации за проектот „Горица резиденс“ се достапни на следниот линк.

Поврзани содржини