ЗА ДА ИЗБЕГНЕ ЛИСИЦА, ПОЛИЦАЕЦ ПАДНАЛ СО СЛУЖБЕНИОТ МОТОР Со тешки повреди бил однесен во болница

0

Полицаец паднал од мотор обидувајќи се да избегне лисица и се повредил, соопшти полицијата.

Според полицискиот билтен, на 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од селото Радишани, Скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини