АБАЗИ ГИ ПРОГЛАСИ ЗА НЕВИНИ ЈАХОСКИ, КАПУШЕВСКИ И КОВАЧЕВСКИ Милошоски вели дека обештетувањето за притворот ќе треба да им го плати државата
Обвинителот Ислам Абази, ќе го претвори ЈО ГОКК во обвинителство за извинување на осомничените за тежок криминал, и за плаќање на обесштетување за тоа што биле во притвор, рече Милошоски.
Досега, во македонското правосудство и обвинителство, не е забележан случај на ваков тежок милионски сомнеж за криминал, којшто се наоѓал во ЈО ГОКК, и е од висок јавен интерес да биде затворен, пред да биде доставен во судот, рече Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Ислам Абази тврди дека не вршел никакво влијание врз никој обвинител да се донесе ваква одлука за запирање на гонењето на овој сомнеж за криминал од 167 милиони евра.
– Ислам Абази лаже, затоа што како шеф на ЈО ГОКК, надлежен е еднаш неделно да добива брифинг од подредениот обвинител, за ваквите крупни случаи, а исто така овластен е доколку некој понизок обвинител реши дека не сака, или смета, дека нема основ ваков случај да се води, Ислам Абази може да одлучи, случајот да продолжи да се гони, или да го предаде во надлежност на друг обвинител. Наместо да го направи тоа, Ислам Абази, дал согласност овој тежок 167 милиони евра случај да се затвори, и наместо да биде обвинител којшто ќе гони организиран криминал и корупција, Ислам Абази си ја препишал улогата на судија, да го затвори случајот, пред истиот да влезе во судските процедури – рече Милошоски.
Според него, секогаш обвинителството одлучувало доказите што ги има да ги презентира во обвинителен акт, а потоа на судските органи да им овозможи да ја донесат конечната одлука, а на обвинетите да им овозможи да докажуваат дали се невини или на обвинителството да докаже дали се виновни.
– Затоа сметаме, дека овој пат Ислам Абази, многу очигледно е дека одлуката за затворање на овој случај Мазут, ја донел врз основа на лукративно политички основи, а не на правни или обвинителски аргументи. Зошто Ислам Абази е противречен? Затоа што пред една година, обвинителството коешто го води тој, побара притвор за четири лица осомничени во овој случај, и сметаше дека овие четири притворени лица можат да се дадат во бегство или да извршат влијание врз сведоци. Во исто време, Васко Ковачевски, веќе беше во бегство. Како може истото обвинителство кое што барало притвор за четири лица од случајот Мазут, тежок 167 милиони евра, денес да тврди дека нема основ за да се продолжи овој предмет. Со вакво постапување, обвинителот Ислам Абази, ќе го претвори ЈО ГОКК во обвинителство за извинување на осомничените за тежок криминал, и за плаќање на обесштетување за тоа што биле во притвор. Но на крајот, обесштетувањето кое што ќе треба да им се плати на Асмир Јахоски, на Ардијан Муча, на Ерџан Сулкоски и на Ратко Капушевски, нема да го плати ниту Ислам Абази, ниту неговите ментори Ахмети, Заев и Филипче, туку ќе го плати државниот буџет – рече Милошоски.
Тој повторно побара оставка од Абази од шеф на ОЈО ГОКК, бидејќи како што рече, Абази ги прогласил за невини сите, без да почне судскиот процес, каде што може и обвинетите и обвинителството да се докажуваат.