УВОЗОТ НА КЕРОЗИН ЛАНИ ПОРАСНАЛ ЗА 13,7%, А ПОТРОШУВАЧКАТА СЕ НАМАЛИЛА ЗА 53,3% Главен снабдувач со нафтени деривати ни е Грција

Во земјава, според извештајот на Регулаторната комисија за енергетика најмногу се троши дизел, односно 74,2% од вкупната потрошувачка.

86

Речиси 87% од нафтените деривати во земјава лани биле увезени од Грција, повеќе од 9% од Бугарија, 2% од Албанија, и 1,4% од Србија, покажува Годишниот извештај извештај за работа на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 2025 година.

Нафтени деривати во земјава лани се увезени и од Индија 0,27% и од Романија 0,12% ,а мал процент на увоз има и од други земји.






Според податоците од Извештајот, 71,7 % од увозот на нафтени деривати лани го извршила „Окта“, 9,4% од увозот го реализирала компанијата „Супертрејд“, „Лукоил“ реализирал 7,4% од увозот.

Извештајот покажува и дека најмногу се трошат дизел горивата или 74,2% вкупно потрошените горива лани. Следат безоловните бензини со учество од 11,7%, мазутот со 6,6% и течниот нафтен гас со 5,2%. Екстра лесното масло (ЕЛ-1) има учество од 2,1%, биогоривото од 0,14% и млазното гориво учествува со 0,04%.

Но, лани најмногу пораснала потрошувачката на бензините за 8,3% и на  дизелот за 5,2% Раст е забележан и кај  екстра лесното масло за 2,2% и кај течниот нафтен гас – ТНГ за 3,5%, додека пад во потрошувачката има кај млазното гориво за 53,3%, мазутот за 1,12 % и кај потрошувачката на биодизел за 2,52%.

Податоците на Регулаторната комисија покажуваат дека лани е забележан значаен порастот во увозот на млазното гориво од 13,7%,  а пораст има и кај увозот на бензините и мазутот. Намалување има во увозот на дизел горивата, екстра лесното гориво (ЕЛ-1) и кај течниот нафтен гас (ТНГ).

Лани се увезени вкупно  1.311.942 тони нафтени деривати, што е за 0,1% помалку во однос на 2024 година.

Набавката и продажбата на нафтените деривати ја вршеле 21 правен субјект лиценцирани за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

-Во 2025 година го завршивме повторното лиценцирање на големите нафтени компании, што во практика значи дека во следните 10 години се обезбедени предуслови за непречено снабдување со нафтени деривати – изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Лани се извезени  308.456 тони деривати. Најмногу е извезено дизел гориво, односно 37,4% од вкупниот извоз, потоа следуваат млазно гориво со 36,3%, моторните бензини со 22,8% и мазутот со 3,5%.

Најголемо учество во извозот на нафтени деривати во 2025 година има ОКТА Рафинерија на нафта АД Скопје со 85,23%, ЕКС ФИС со 9,59%, Макпетрол АД Скопје со 3,01%, Супертрејд ДООЕЛ Скопје со 1,30% и
останатиот извоз од 0,87% е реализиран од страна на останатите трговци.

Поврзани содржини