НОВАТА УРДА OLYMPUS СО ВКУСЕН ИНСТАГРАМ ПРЕДИЗВИК Напиши рецепт и добиј патување или други награди

Предизвикот трае до 14 мај, а добитниците ќе бидат објавени на 15 мај.

34

Имаш омилен рецепт? Сакаш да експериментираш со нови вкусови? Обожаваш кога храната е вкусна, лесна за подготовка и добра за тебе? Тогаш ова е предизвик за тебе!

Olympus има нов вкусен предизвик за сите љубители на креативни рецепти, здрави навики и добри гастрономски идеи. Главната ѕвезда е новата урда – најновиот производ во Olympus семејството, подготвена од сурутка по традиционален рецепт, со нежен, свеж и благо сладок вкус, лесно кремаста текстура и природен состав без вештачки конзерванси.

Она што ја прави уште подобар избор е тоа што е богата со протеини – дури 56 г протеини по пакување, односно 14 г на 100 г. Затоа е одлична за активни луѓе, спортисти, семејства, но и за сите што сакаат вкусна, избалансирана и практична исхрана.

А најдобриот дел? Olympus урдата може да се вклопи речиси во сè – од брз појадок и лесна ужина, до пити, палачинки, салати, намази, здрави чинии и традиционални десерти. Токму затоа Olympus те предизвикува: што би подготвил/а ти со новата Olympus урда?

За да учествуваш во „giveaway“ предизвикот, потребно е да го заследиш профилот @olympusfoods_mk, да го лајкнеш официјалниот пост, во коментар да напишеш кој рецепт би го подготвил/а со Olympus урдата и да тагнеш пријател/ка што би сакал/а да се приклучи во предизвикот.

Најкреативните и најсреќните учесници ќе добијат вредни награди – ваучер за патување и пакети полни со Olympus урда и алатки за во кујна. Предизвикот трае до 14 мај, а добитниците ќе бидат објавени на 15 мај.

Новата Olympus урда е веќе достапна во маркетите „Рамстор“, „Веро“, „Кит-Го“, „Ла Нои“ и онлајн маркетот „Пакет“. Посети го најблискиот маркет, пробај ја новата урда и приклучи се во највкусниот предизвик оваа сезона.

 

Поврзани содржини