УЧИЛИШТАТА КАКО БОЈНИ ПОЛИЊА Групни тепачки, напад со нож, тепачки меѓу ученици, меѓу ученички…

За време на екскурзија во парк-шумата Гази Баба неколку малолетници нападнале група други ученици, а на едно дете му бил одземен и личен накит.

1

Три одделни инциденти со малолетници беа пријавени во Скопје во текот на изминатите два дена – два поврзани со ученици од основни училишта, а еден заврши и со тешко повреден ученик.

Во најсериозниот случај, вчера попладне во училиште во општина Гази Баба, полицијата привела 15-годишник откако, според пријавата, влегол во училиштето и со остар предмет нападнал друг 15-годишен ученик. Нападнатиот добил тешки телесни повреди. Полицијата го одзела предметот со кој бил извршен нападот, а по расчистување на случајот ќе следува и пријава.

Само неколку часа претходно, во парк-шумата Гази Баба, дошло до напад врз ученици кои биле на еднодневна училишна екскурзија. Според пријавите, неколку малолетници нападнале група други ученици, а на едно дете му бил одземен и личен накит.

Инцидентот прво бил пријавен од училиштето околу 11 часот претпладне, а подоцна и татко на 13-годишен ученик пријавил дека неговиот син и уште двајца соученици биле нападнати додека биле на екскурзијата. Полицијата трага по напаѓачите и работи на расчистување на случајот.

Нов случај на насилство меѓу малолетници бил пријавен и завчера вечерта во Аеродром. Според пријавата, околу 19:15 часот во училишен двор, малолетничка физички нападнала друга девојка, која ја познавала. И за овој случај се најавува соодветен поднесок по завршување на постапката.

Поврзани содржини