МАЖ И ЖЕНА ОГРАБИЛЕ СКОПЈАНЕЦ НА КЕЈ Жената му ги зела парите, мажот му се заканувал со остар предмет

Околу 19 часот на 7 октомври едно женско лице употребило физичка сила врз 25-годишникот и му одзело пари.

1

25-годишен скопјанец пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил нападнат од две лица.

Според пријавеното во СВР Скопје, околу 19 часот на 7 октомври едно женско лице употребило физичка сила врз него и му одзело пари.
Потоа, едно машко лице му се заканило со остар предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.






Поврзани содржини