ВО МАРТ БЛИЗУ 74.000 ТУРИСТИ ЈА ПОСЕТИЛЕ МАКЕДОНИЈА Најбројни биле Германците и Турците
Според податоците на Државниот завод за статистика, во март се направени 134.233 ноќевања од туристи.
Во март се регистрирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Според овие податоци од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски туристи.
Учеството во бројот на ноќевањата на домашните туристи е 26,5% а на странските 73,5% .
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1,3 %, а кај странските има зголемување за 6,9 %. Вкупниот број на ноќевањата, пак, е намален за 0,3 % така што кај домашните туристи има намалување за 1,2 %, а кај странските има зголемување за 0,2 %.
Најмногу странски туристи во март дошле од Германија вкупно 9.645 туристи. Следат Турција со 9.090, Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи.