ПОЧЕСНА НАГРАДА ЗА РЕЖИСЕРОТ НА „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“ Питер Џексон ќе добие признание на отварањето на Канскиот филмски фестивал

Филмот за отворање на Канскиот филмски фестивал - „Електричен бакнеж“ од францускиот режисер Пјер Салвадори ќе биде прикажан по доделувањето на почесната награда за новозеландскиот режисер Питер Џексон

29

Филмски ѕвезди од целиот свет се очекуваат на отворањето на Филмскиот фестивал во Кан денеска, 12 мај, со посебна почит и почест кон новозеландскиот режисер Питер Џексон – автор на познатиот серијал „Господарот на прстените“.

Се очекува 64-годишниот филмаџија да присуствува на свеченото отворање на Фестивалот на Азурниот Брег на Франција. Тој ја опиша својата претстојна награда за животно дело како едно од најголемите достигнувања во својата кариера. Филмот за отворање на Фестивалот – „Електричен бакнеж (La Vénus électrique)“ од францускиот режисер Пјер Салвадори ќе биде прикажан по доделувањњето на почесната награда.

Инаку, 79. на Канскиот филмски фестивал ќе трае до 23 мај. Настанот се смета за еден од најважните собири во светот на филмот, покрај оние во Венеција и Берлин.

Годинава, 22 филма се натпреваруваат за „Златната палма“, вклучувајќи ја и криминалистичката драма „Хартиен тигар“ од Џејмс Греј, во којашто глумат Скарлет Јохансон, Адам Драјвер и Мајлс Телер, како и „Татковина“ на Павел Павликовски, со Сандра Хилер и Ханс Цишлер. Германската режисерка Валеска Гризебах, исто така, е во конкуренција со нејзиниот филм „Сонуваната авантура (Das geträumte Abenteuer)“.

Вон главната конкуренција, ѕвездата на „Евтини приказни“, Џон Траволта е во Кан со своето режисерско деби „Ноќна еднонасочна пропелер-кочија (Propeller One-Way Night Coach)“, снимен според неговата детска книга објавена во 90-тите.

Поврзани содржини