УАПСЕН Е ВОЗАЧОТ ШТО ПРЕГАЗИ ПЕШАК КАЈ РОСОМАН Телото на 89-годишникот е дадено на обдукција

Возачот на товарното возило „сканија“, кое вчера усмрти 89-годишен пешак на патот Прилеп-Градско, е лишен од слобода по насоки на јавен обвинител. По завршувањето на истрагата ќе следува соодветна пријава.

1

Возачот на товарното возило што вчера усмрти пешак на регионалниот пат Прилеп-Градско е уапсен, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Р.Ј. (45) од Кавадарци, кој управувал „сканија“ со приколка.

Во несреќата загинал К.Ѓ. (89) од општина Росоман. Според полицијата, тој бил удрен од товарното возило на регионалниот пат Прилеп-Градско.

Лекар констатирал смрт на местото на несреќата.

По наредба на обвинителството, телото на починатиот било предадено на Судска медицина за обдукција.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани содржини