ДОАЃА НЕВРЕМЕ Ќе дува ветер со брзина од 75 километри на час со пороен дожд и со грмежи

1,040

Територијата на Македонија денеска ќе биде под влијание на циклонска активност која од Џенова ќе пристигне над Македонија и ќе услови денес да биде многу поветровито, односно ќе дува засилен до силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 75 километри на час, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски на својот портал Метеоаларм.

Во попладневните часови локално ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер.

Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини