ЌЕРКИТЕ НА КИТ УРБАН МУ СВРТЕА ГРБ Се повторува приказната што Никол Кидман ја преживеа со Том Круз

47

Во Холивуд повторно се отвори старата тема за семејните поделби по разводите на славните двојки, а овојпат во центарот на вниманието се Кит Урбан и Никол Кидман. Според пишувањата на медиумите блиски до семејството, австралискиот музичар е длабоко погоден затоа што нивните ќерки сѐ повеќе се врзуваат за мајката, додека односот со него станува поладен и подистанциран.

Наводно, девојчињата во последниот период минуваат значително повеќе време со Никол Кидман, а луѓе од нивното опкружување тврдат дека актерката има многу посилно влијание врз нивниот секојдневен живот, изборите и врз идните планови. Тоа, според истите извори, тешко му паѓа на Кит Урбан, кој важеше за исклучително посветен татко.

Целата ситуација потсети на една стара и болна епизода од животот на Никол Кидман – нејзиниот развод со Том Круз. По крајот на тој брак, нивните посвоени деца, Изабела и Конор, јавно застанаа на страната на Том Круз и останаа многу поблиски со него отколку со мајката. Во тоа време се шпекулираше дека големо влијание врз семејните односи имала и Саентолошката црква, со која Круз е тесно поврзан.

Никол Кидман ретко зборуваше јавно за таа лична драма, но во неколку интервјуа призна дека разделбата од децата била едно од најтешките искуства во нејзиниот живот. Токму затоа, дел од таблоидите сега пишуваат дека актерката особено внимавала да изгради силна емоционална врска со двете ќерки што ги има со Кит Урбан.

За разлика од турбулентниот однос со Том Круз, бракот на Кидман и Урбан со години важеше за еден од најстабилните во шоу-бизнисот. Двајцата често се појавуваа заедно на црвени теписи, а во интервјуа зборуваа за семејната хармонија и меѓусебната поддршка.

Кит и Урбан се разведоа во јануари 2026 година по 19 години брак.

За многумина, тоа изгледа како необична животна симетрија – Никол Кидман некогаш ги гледаше своите деца како се приближуваат кон Том Круз, а денес, според истите тие медиуми, Кит Урбан го доживува истото чувство на оддалечување.

Поврзани содржини