🎥 ЏОРЏ КЛУНИ НАПОЛНИ 65 ГОДИНИ Блесна покрај Амал во Сен Тропе

Џорџ и Амал Клуни повеќе од една деценија важат за еден од најгламурозните и највлијателни парови во светот на шоу-бизнисот.

231

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни својот 65-ти роденден го прослави во гламурозна атмосфера на Француската ривиера, во друштво на сопругата Амал Клуни и блиски пријатели. Славниот пар бил фотографиран во Сен Тропе, каде уживал во релаксиран роденденски ручек покрај морето.

Според американските медиуми, Џорџ и Амал пристигнале со брод во познатиот „Club 55“, едно од омилените места на светскиот џет-сет на Азурниот брег. Актерот бил облечен во лежерна комбинација – црна поло маица и светли панталони, додека Амал повторно го привлекла вниманието со впечатлива модна комбинација од новата колекција на „Pucci“.

Фотографиите од прославата брзо се проширија низ светските таблоиди и модни магазини, а медиумите особено ја истакнуваат блискоста меѓу сопружниците. Двајцата биле видени како шетаат прегрнати покрај пристаништето во Сен Тропе, насмеани и во одлично расположение.

Роденденската прослава доаѓа во период кога Џорџ Клуни повторно е во фокусот на јавноста, поради нови филмски проекти и шпекулациите за продолжение на франшизата „Ocean’s“. Во неодамнешно интервју, актерот призна дека со годините сè потешко ги гледа своите стари филмови, бидејќи, како што рекол, „повеќе не се препознава себеси“ на екранот.

Џорџ и Амал Клуни повеќе од една деценија важат за еден од најгламурозните и највлијателни парови во светот на шоу-бизнисот. Се венчаа во Венеција во 2014 година, а денес живеат меѓу Франција, Англија и Италија, заедно со нивните близнаци Александар и Ела.

 

Поврзани содржини