ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ МОРА ДА РАЗГОВАРА СО РУСИЈА Иднината на Украина е во ЕУ
Ќе треба да се водат разговори со Русија за заедничките безбедносни прашања во соодветен момент, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Европската Унија мора да биде отворена за разговори со Русија за обезбедување мир во Украина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Зборувајќи во Брисел на Денот на Европа, Кошта денеска рече дека ЕУ е подготвена да се вклучи во разговори за праведен и траен мир во Украина.
– Ќе треба да се водат разговори со Русија за заедничките безбедносни прашања во соодветен момент – рече Кошта.
ЕУ нема да дејствува сама, додаде тој.
– Нема да се преземат никакви дејствија за да се поткопа мировната иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп – рече Кошта.
Тој денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„ЕУ застана до Украина во нејзината борба за мир и во одбрана на нашите заеднички европски вредности. Иднината на Украина е во Европската Унија. Со нетрпение очекуваме да ги преземеме следните чекори во вашето пристапување“, објави Кошта на социјалната мрежа Икс.