🎥 ОВА БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈХАОТИЧНИТЕ МОМЕНТИ НА ЕВРОВИЗИЈА Зошто сестрите од Андалузија ја напуштија сцената пред милиони гледачи?
Каде се сестрите што ја напуштија евровизиската сцена во Загреб, во далечната 1990-та година? Нивниот настап кој беше запаметен по голем технички инцидент токму на почетокот на песната која подоцна стана голем хит (Бандидо), се раскажува и денес.
Кога станува збор за најпрепознатливите шпански музички дуети, името Азукар Морено е неизбежно поглавје во европската поп-култура. Харизматичните сестри од Андалузија комбинираа фламенко, латино ритми, поп и денс музика и станаа една од најголемите шпански ѕвезди кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите.
Азукар Морено беше составен од сестрите Антонија Тони Салазар и Енкарнасион Енкарна Салазар, членови на големото ромско музичко семејство Салазар од Андалузија.
Во раните 80-ти, тие настапуваа како придружени вокали, а наскоро решија да започнат свој проект.
Името Азукар Морено, што во превод значи „кафеав шеќер“, го симболизираше нивниот темперамент, енергија и медитерански музички стил. Својот прв албум го издадоа во 1984 година, но нивниот вистински пробив дојде неколку години подоцна кога почнаа да го комбинираат фламенкото со модерен денс-поп звук. Кон крајот на 1980-тите, тие станаа голема сензација во Шпанија и Латинска Америка, а песните како „Devórame Otra Vez“ и „Bandido“ ги претворија во регионални ѕвезди.
Во 1990 година, Шпанија одлучи да го испрати Азукар Морено на Евровизискиот натпревар во Загреб со песната „Bandido“. Дури и пред натпреварот, тие се сметаа за едни од фаворитите.
Сепак, нивниот настап беше запаметен по голем технички инцидент токму на почетокот на песната. Имено, оркестарот и матрицата не беа синхронизирани, па по неколку секунди настап, сестрите демонстративно ја напуштија сцената пред милиони гледачи.
Тоа беше еден од најшокантните моменти во историјата на Евровизискиот натпревар.
Нивниот препознатлив стил, гламурозен изглед и експлозивни настапи ги претворија во модни и музички икони на 90-тите. Тие беа особено популарни во Шпанија, Италија, Грција и латиноамериканските земји.
Иако со години изгледаа неразделни, проблемите се натрупуваа зад сцената. На почетокот на 2000-тите, односот меѓу сестрите сериозно се влоши поради деловни несогласувања, исцрпеност и различни погледи на нивните кариери.
Во 2007 година, тие официјално ја прекинаа соработката и тргнаа по различни патишта.
Во тоа време, шпанските медиуми пишуваа за големи кавги и целосен прекин на комуникацијата.
Обожавателите со години се надеваа на нивно помирување. По години разделба, Тоњи и Енкарна успеаја да ја поправат својата врска и повторно почнаа да настапуваат заедно во 2013 година.
Враќањето на Азукар Морена предизвика голем интерес кај јавноста, особено кај генерациите што пораснаа со нивните хитови. Сестрите продолжија да настапуваат на концерти, да се појавуваат на телевизиски емисии и да објавуваат нова музика, иако никогаш не го достигнаа комерцијалниот врв што го имаа во текот на 1990-тите.
По нивниот легендарен настап во 1990 година, Азукар Морено повторно се обидоа да ја претставуваат Шпанија на Евровизија во неколку наврати.
Најпознатиот обид се случи во 2019 година кога учествуваа на шпанскиот Евровизиски натпревар со песната „Debajo del mismo sol“ и во 2022 година со „Postulero“.
Иако предизвикаа голема носталгија и интерес кај јавноста, не можеа да се квалификуваат за натпреварот.
Денес, Тоњи и Енкарна Салазар се уште се активни на музичката сцена, настапуваат повремено и учествуваат во телевизиски проекти во Шпанија.
Иако повеќе не се постојано присутни на врвот на топ листите, Азукар Морено остануваат симбол на една ера и еден од најпрепознатливите шпански музички извози.
Нивниот настап на Евровизија во Загреб во 1990 година сè уште редовно се појавува на листите на најлегендарните моменти во историјата на натпреварот.