🎥 НАЈМАГИЧНИОТ МОМЕНТ НА МЕТ ГАЛА Фустанот од 15.000 стаклени меурчиња на Ајлин Гу, испушташе и вистински меурчиња

Олимпијката носеше фустан направен од 15.000 стаклени меурчиња, но токму меурчињата што постојано излегуваа од фустанот го претворија во магија.

298

На годинашното издание на Мет Гала 2026, едно од најнеобичните модни појавувања беше она на Ајлин Гу – девојка која не е само модна ѕвезда, туку и една од најуспешните скијачки во светот.

Таа е олимписка шампионка во слободно скијање, родена во САД, но настапува за Кина. Освен спортската кариера, Ајлин е и модел и редовно соработува со големи модни куќи, па веќе неколку години е дел од најголемите модни настани.

Токму нејзиниот изглед оваа година привлече огромно внимание.

Таа се појави во футуристички фустан на дизајнерката Ирис ван Херпен, составен од дури 15.000 стаклени меурчиња, кои создаваа впечаток дека телото ѝ е обвиткано во жива, подвижна структура. Згора на тоа, фустанот не беше само визуелен ефект, во него беше вградена технологија што испушташе вистински меурчиња додека таа се движи.

Креацијата, наречена „Аиро“, е резултат на соработката на дизајнерката Ирис ван Херпен и уметникот А.А. Мураками и претставува спој на мода, наука и технологија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by espnW (@espnw)

За разлика од многу други ѕвезди кои се инспирираа од конкретни уметнички дела, кај Ајлин инспирацијата е многу поширока и поапстрактна.

Фустанот се базира на т.н. „теорија на меурчињата“ – научна идеја за создавањето на животот и структурата на материјата, според која човечкото тело е во голем дел „празен простор“.

Самата Гу објасни дека ѝ се допаѓа контрастот, нешто што по природа е краткотрајно (меур), овде е „заробено“ и претворено во форма што трае.

Дополнително, целиот концепт се врзува и со нејзиниот спорт – летањето низ воздух, каде времето „забавува“ додека е во скок.

Она што го направи овој фустан навистина посебен е фактот што тој не е само облека, туку живо уметничко дело. Скриени микропроцесори и воздушни системи создаваат меурчиња во реално време, претворајќи го нејзиното појавување во перформанс.

Поврзани содржини