ПОРАДИ ВОЈНАТА ОТКАЖАНИ СЕ ОКОЛУ 13.000 ЛЕТОВИ Авиокомпаниите и аеродромите трпат големи загуби
И покрај ваквите трендови, дел од нискобуџетните авиокомпании, како „Изиџет“ и „Визер“, најавија дека ќе ги задржат летните распореди, иако се соочуваат со притисоци од зголемените трошоци за гориво.
Порастот на цените на авионското гориво, поттикнат од случувањата на Блискиот Исток, доведе до значително кратење на летовите ширум светот, при што се откажани околу 13.000 летови во текот на април, објави „Гардијан“. Со тоа, од распоредите на авиокомпаниите се повлечени околу два милиони седишта.
Според податоците на аналитичката компанија „Цириум“, превозниците ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови, делумно преку користење помали авиони, но и со целосно откажување на одредени линии.
Најголем пад на бројот на летови е забележан на аеродромите во Истанбул и Минхен, каде што значителни намалувања направиле „Туркиш ерлајнс“ и „Луфтханза“. Германскиот авиопревозник, според извештаите, намалил околу 20 илјади летови на кратки релации.
И покрај ваквите трендови, дел од нискобуџетните авиокомпании, како „Изиџет“ и „Визер“, најавија дека ќе ги задржат летните распореди, иако се соочуваат со притисоци од зголемените трошоци за гориво.