ТЕРИ ХАЧЕР БИЛА ЗЛОУПОТРЕБУВАНА КАКО ДЕТЕ Актерката собра сила да проговори за морничавите детали

Актерката Тери Хачер (56), најпозната по улогата во серијата „Домаќинки“, била злоставувана како девојче, од пет до деветгодишна возраст. Лицето кое ја злоставувало бил нејзиниот вујко.

60

Убава, популарна и успешна, но и длабоко несреќна поради траумата што ја прогонувала поголемиот дел од нејзиниот живот – тоа е животната приказна на познатата актерка Тери Хачер, која му ја откри својата темна тајна на светот дури кога наполни 41 година. Актерката ја раскажа приказната за своето грдо детство во интервју за американското списание Vanity Fair.

Имено, на настанот на Обединетите нации по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, таа зборуваше за ужасното искуство со сексуална злоупотреба во детството. Актерката раскажа како нејзиниот вујко ја злоставувал кога имала седум години.

– Бев убедена дека е тоа моја вина и се обвинував себеси за она што ми се случи, па затоа не кажав никому за тоа и сè чував за себе – рече Тери.

Иако молчела за целиот инцидент, нејзината мајка забележала дека се однесува чудно во близина на нејзиниот вујко, па затоа нејзините мајчински инстинкти ја натерале да ја држи ќерка си подалеку од него, иако малата Тери ѝ кажала дека сè е во ред и да не му се лути, поради страв од последиците.

– Сите молчевме, ни беше полесно. Мислев, дали сум луда, дали измислувам? Полесно е жртвите да веруваат дека ова е плод на нивната имагинација отколку да се соочат со вистината – заклучи Тери, објаснувајќи дека злоупотребата се случувала постојано и продолжила сè додека не наполнила осум или девет години.

Иако мислела дека силувањето ќе биде тајна што ќе ја однесе во гроб, дознала дека нејзиниот чичко, Ричард Хејс Стоун, бил обвинет за злоупотреба на две други девојчиња, од кои едното извршило самоубиство како тинејџерка.

Скандалот околу силувањето девојчиња избувна кога Сара Ван Климпут оставила порака пред самоубиството на која пишувало: „Мора да се прашувате зошто нормална тинејџерка би го направила тоа. Па, прашајте го Дик зошто?“

Прекарот „Дик“ ја одвел полицијата до Стоун, кој бил близок пријател на семејството на жртвата. Тогаш актерката конечно проговорила за своето минато.

Ричард Хејс Стоун починал во затвор додека ја отслужувал казната. Тој бил осуден на 14 години затвор, а починал откако отслужил само шест години.

Поврзани содржини