2,33 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ИЗВОЗ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Најзаслужни се компаниите странски инвестиции во земјава

Во периодот јануари – март годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,8% во вкупниот обем на размената.

65

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1, 99 микијарди евра  и бележи пораст од 3,6% споредено со истиот период во 2025 година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2,78 милијарди евра и е за 0,5% повеќе во однос на истиот период лани, објави на Државниот завод за статистика.

Во долари вкупната вредност на извозот изнесува 2,33 милијарди долари што е зголемување за 15,1% во споредба со истиот период лани, а вкупната вредност на увозот изнесува 3,26 милијарди американски долари и е зголемена за 11,8%.

Најголемо е учеството во извозот имаат- катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени – платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – март годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,8% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,6% во вкупната размена.

Поврзани содржини