УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА НЕМА ЗАШТИТЕНИ ЛИЦА Мицкоски за апсењето на член на неговото обезбедување
Постапувањето на надлежните државни органи е доказ дека нема заштитени лица, за разлика од претходни практики, кога слични случаи не беа санкционирани – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Институциите постапуваат за случајот, законот важи подеднакво за сите, без исклучок – рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за припадник на неговото обезбедување, кој е уапсен по пријава за физички напад врз својата сопруга.
Мицкоски нагласи дека ова не е единствен случај поврзан со лица од неговото обезбедување и дека нема толеранција за какви било прекршувања. Тој истакна дека во конкретниот случај институциите постапуваат и дека законот важи подеднакво за сите, без исклучок.
Според него, системот функционира и постапувањето на надлежните органи е доказ дека нема заштитени лица, за разлика од претходни практики, како што рече, кога слични случаи не биле санкционирани.
– Ова е втор случај поврзан со човек од моето обезбедување, во кој исто така дгледаме дека законот важи за сите, за разлика од порано, кога членови на обезбедување на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки, па минуваа неказнети, во овој случај гледате, мал престап и гледате, системот функционира – рече Мицкоски.
Тој додаде дека нема да толерира недисциплина и дека секој што ќе го прекрши законот ќе сноси одговорност.