ГОРИ ОТПАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ Се запали машина за мелење железо

Градоначалникот на Шуто Оризари го информирал ЦУК дека пожарот е ставен под контрола и дека нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови.

153

Густ црн чад се извива над Скопје, откако во понеделник претпладне избувна пожар во отпад во населбата Шуто Оризари.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека е добиена пријава за запалена машина за мелење железо на улицата 1.675 во Шуто Оризари.

Пожарот го гасне бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.

Градоначалникот на Шуто Оризари го информирал ЦУК дека пожарот е ставен под контрола и дека нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови.

Поврзани содржини