ЗИМСКО УТРО, ТОПОЛ ДЕН Од вторник температури и до 27 степени

Следува период на релативно топло време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

69

Утрото понеделник, 4 мај, ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од -1 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на релативно топло време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на седмицата се очекуваат повремени локални врнежи.

Поврзани содржини