СТУДЕН УДАР ВРЗ МАКЕДОНИЈА Температурите паѓаат и до 15 степени, дожд и снег на планините

Арктичка воздушна маса ќе донесе значително заладување низ Македонија, со дожд во пониските и снег на повисоките места, проследено со засилен северен ветер и температури пониски и до 15 степени од просекот.

887

Територијата на Македонија на 2 мај ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот до нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе провејува снег. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Ќе дува умерен а повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец а температурите ќе бидат значително пониски од просечните и ќе бидат пониски дури за 10 до 15 степени. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и значително свежо со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен дожд.

Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.

Поврзани содржини