ТРУДОТ Е ТЕМЕЛОТ ВРЗ КОЈ СЕ ГРАДИ СЕКОЈА СИЛНА ДРЖАВА Мицкоски им го честита 1 Мај на работниците
Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност - напиша Мицкоски во својата објава на Фејсбук.
Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговата Фејсбук-страница, честитајќи го 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
– Нема напредок без работа. Нема стабилност без создавање вредност. Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат. Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност. Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат – се додава во објавата на премиерот.
Тој додаде дека државата се гради со труд.
– Продолжуваме заедно со посветеност и со верба – истакна Мицкоски на Фејсбук.