ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СКРОЗ ОДЛЕТА Овој пат за Франкфурт

Лидерот на СДСМ ја пропушти важната седница за пратенички прашања, но не пропушти пак да ја нападне ТВ Алфа.

793

Ден пред празникот 1 мај, во четвртокот, додека во Собранието на Република Македонија се поставуваа пратенички прашања, претседателот на СДСМ, Венко Филипче отсуствуваше од салата.

Според наши извори, во четвртокот, точно во 14:52 часот, Филипче полетал од Скопје за Франкфурт. Не е познато дали Франкфурт е неговата крајна цел, или само попатна станица до некоја егзотична дестинација.

Тоа и не е важно. Многу поважно е тоа што опозициски лидер во принцип не отсуствува од седници на парламентот за пратенички прашања, кои се можност опозицијата јавно да ја критикува власта.

Првиот човек на СДСМ и носителот на златна виза од Дубаи сепак не пропушти да критикува и да напаѓа и во четвртокот. На социјалната мрежа Х тој пак ја нападна телевизија Алфа.

Повод за нападот бил најновиот извештај на Репортери без граници за состојбата на медиумите во Македонија.

Поврзани содржини