ПАРТИИТЕ МОЖЕБИ ТРЕБА ДА БАРААТ ЛЕКАРСКО УВЕРЕНИЕ Мицкоски загрижен за здравствената состојба на поединци во раководството на СДСМ

157

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што секојдневно стигнуваат од опозициската партија, посочувајќи го како пример демантот на тврдењата на опозицијата од самиот известител за Македонија од Европскиот парламент, Томас Вајц.

Според претседателот на Владата, раководството на СДСМ не нуди конструктивна дебата, туку прави „внатрешна мобилизација за да остане во живот на следните парламентарни избори кога ќе имаат поголем пораз од 2024 година“.

– Тоа го прават преку лажење, па кој поверува, поверува – рече Мицкоски.

Премиерот наведе примери со кои СДСМ ја лажел јавноста, рече дека ширеле паника оти буџетот е празен и ќе нема плати и пензии, дека се зголемени долгот и буџетскиот дефицит и дека државата ќе банктотира.

– Не само што не банкротира, туку според сите параметри, таа е држава за пример во регионот – изјави Мицкоски.

Невистинити се покажаа тврдењата на СДСМ дека во април ќе се доселат мигранти во согласност со стратешкиот договор со Обединетото Кралство, дека поради ИПАРД земјоделците се блокирани, за што, рече Мицкоски, дошол демант од Европската комисија од Брисел, исто како што и евроизвестителот Томас Вајц истиот ден ги демантирал обвинувањата од СДСМ.

– Тоа говори за длабоката психолошка состојба во која се наоѓаат. Кога ќе видите какви пораки праќаат и што зборуваат, загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ. Јавноста е сведок на кампања и речник што не ѝ прилега на политичката сцена во Македонија – истакна Мицкоси и рече дека можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органите на партиите.

Рече дека ја предупредува македонската јавност дека во периодот што следува обраќањата од партиската говорница на СДСМ ќе бидат само со една цел „по поразот на следните избори, да останат и да најдат некакво алиби дека изборниот процес не бил фер“.

– И да не ве зачуди ако воопшто и не учествуваат на тие избори, како што сега ја напуштаат комисијата за Изборниот законик. Можеби ќе кажат дека ќе нема фер избори, иако техничката влада ќе важи за следните избори. Но ќе ризикуваат да ги изгубат сите можности што им се нудат. Ако одлучиле така да се однесуваат, ние не може да им помогнеме, ние сме фокусирани на граѓаните – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини