ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ ПО СУДИР СО АВТОБУС ВО ПРИЛЕП Имаше само 19 години
По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница- Прилеп, каде лекарите можеле само да ја констатираат смртта.
Тешка сообраќајна несреќа се случи во петок изутрината, околу 06:15 часот, на улицата „Леце Котевски” во Прилеп, на излезот кон Крушево.
Автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп удрил во мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од село Големо Коњари, прилепско.
По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница- Прилеп, каде од страна на лекарите била констатирана смрт.
Екипа на ОВР Прилеп извршила увид, информира МВР.