НИКОЛОСКИ ВО НОЌЕН УВИД НА РАБОТИТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Најавено пуштање на клучката кај Требеништа
Министерот за транспорт и врски информира дека интензивно се работи и на споредните патишта, кои не биле предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.
Николоски во објавата на Фејсбук најави дека од денеска ќе биде пуштена во сообраќај клучната на автопатот кај Требеништа и дека се работи на споредните патишта, со цел сите населени места да бидат поврзани со автопатот.
„На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден. Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево. Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни. Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано“, напиша Николоски на Фејсбук.