МЕРЦ ЈА СМИРУВА ТОПКАТА СО ТРАМП „И покрај тоа сме во добри односи“

Германскиот канцелар вели дека останува во добри односи со претседателот на САД откако во понеделникот при посета во Западна Германија изјави дека Иран ги понижил Американците, на што Трамп подоцна возврати дека „Мерц не знае што зборува“.

106

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се обиде да ги намали тензиите со американскиот претседател Доналд Трамп откако рече дека Иран ги понижил Американците во војната.

Мерц нагласи дека неговиот личен однос со Трамп не е нарушен.

– Мојот личен однос со американскиот претседател останува добар како и секогаш. Сè уште сме, да употребиме американски израз, во добри односи – рече Мерц.

Сепак, зад дипломатскиот тон стојат сериозни разлики околу војната во Иран.

Канцеларот предупреди дека Европа плаќа висока цена.

– Во Германија и Европа значително страдаме од последиците од затворањето на Ормускиот Tеснец – рече Мерц.

Растот на цените на енергијата дополнително ја влошува ситуацијата.

Во понеделник, за време на посетата на училиште во западна Германија, тој рече дека Иран ги „понижува“ САД и дека Америка влегла во војната без одржлива стратегија за излез, споредувајќи ја ситуацијата со претходните проблеми во Авганистан и Ирак. Мерц, исто така, се пожали дека конфликтот ѝ штети на германската економија, велејќи дека „ги чини многу пари“.

Американскиот претседател директно го нападна Мерц.

„Тој не знае за што зборувa“, напиша Трамп.

Тој ја критикуваше и германската економија, оценувајќи дека ѝ оди лошо.

Германија одби директно воено вклучување во војната во Иран. Берлин инсистира дека конфликтот не е војна на НАТО и дека е подготвен само на ограничен ангажман кога ќе завршат борбите.

Поврзани содржини