ЗАПОМНИ ТРАМП, ИТАЛИЈА НЕ МОЛИ ЗА НИШТО! Мелони распали по Трамп откако тој рече дека ја сожалува
Американскиот претседател изнесе необични тврдења за италијанската премиерка, со која до неодамна важеше за близок политички сојузник.
„Едно нешто треба да запомните: ниту јас ниту Италија никогаш не молиме никого“.
Со овие зборови премиерката на Италија одговори на изјавата на шефот на САД дека, наводно, таа побарала да се фотографира со него на самитот на Г7 во Франција и дека му е жал за неа.
– Тврдењата на Доналд Трамп се целосно измислени. Навистина сум згрозена. Не знам зошто претседателот на Соединетите Американски Држави се однесува на овој начин кон своите сојузници. На крајот на краиштата, ова не е прв пат – рече таа.
Додаде дека е особено разочарана од начинот на кој Трамп се однесува кон своите противници на Западот.
– Можам само да кажам дека е разочарувачки што тој не покажува иста решителност кон непријателите на Западот и Соединетите Американски Држави, чии лидери, напротив, се однесуваат со многу поголема попустливост.
Мелони некогаш беше еден од најгласните европски сојузници на Трамп и единствениот европски лидер кој присуствуваше на неговата инаугурација во 2025 година.
Но, односите меѓу Вашингтон и Рим се влошија откако италијанската влада го одби американското барање за користење воздухопловна база во Сицилија за операции поврзани со војната против Иран.
Трамп тогаш јавно ја обвини Италија дека не покажала доволна поддршка, а денешната изјава дополнително ги поттикна шпекулациите за нови тензии меѓу двајцата некогашни политички сојузници.
Што точно изјави Трамп во интервју за италијанската телевизија La7? Oткако најпрво самиот праша како е Мелони, рече:
– Не морав да разговарам со неа. Не знам што да кажам. Ме замоли да се сликам со неа. Толку многу сакаше да се слика со мене. Не би го прифатил тоа, но ми беше жал за неа.