ЌЕ ГО ПРАШААТ И ЗА УБИЕНИТЕ ДЕВОЈЧИЊА ВО ИРАН „Министерот за војна“ оди на сослушување пред конгресот

Ќе се разгледува и армискиот предлог-буџет за 2027 година, што предвидува зголемување на воените расходи на 1,5 трилиони долари - најмногу во историјата на САД.

91

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, денеска ќе се појави на сослушување пред членовите на Конгресот, за првпат од почетокот на војната со Иран.

На сослушувањето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом ќе се разгледува армискиот предлог-буџет за 2027 година, што предвидува зголемување на воените расходи на 1,5 трилиони долари – најмногу во историјата на САД.

Се очекува Хегсет и началникот на Здружениот генералштаб, Ден Кејн, да ја истакнат потребата на армијата од повеќе дронови, системи за противракетна одбрана и бродови, додека демократите најверојатно ќе се фокусираат на растечките трошоци од војната во Иран, недостигот муниција и случајот со бомбардирањето училиште при што беа убиени стотици деца.

САД и Израел покренаа воена интервенција врз Иран на 28 февруари без одобрение од Конгресот.

Демократите во двата дома на Конгресот не успеаја да усвојат резолуции што би го приморале претседателот Доналд Трамп да го запре конфликтот додека не добие согласност од Конгресот за понатамошни акции, додека републиканците ги поддржуваат неговите воени интервенции.

Хегсет досега избегнуваше јавни прашања од пратениците за војната, иако тој и Кејн одржуваа брифинзи во Пентагон.

Се очекува дека денешното сослушување ќе опфати многу пошироки теми од буџетот, вклучително и војната во Иран.

Поврзани содржини