ПАРИТЕ ОД ИПАРД СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Лагите на СДСМ по кој знае кој пат се демантирани
Целосната контрола од Европската комисија за користење на средствата од ИПАРД програмата утврди дека нема неправилности во самите постапки, што значи дека системот функционира, а Брисел никогаш не ги блокираше средствата, како што СДСМ ги лажеше земјоделците, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Земјоделците повторно ќе можат да ги користат финансиските средства од ИПАРД програмата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, навремено реагираше и го активираше националниот механизам, поврзан со случајот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците, побарано беше од Брисел да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка врз институциите и земјоделците. Согласно целосната и детална контрола од страна на Европската комисија за користење на средствата од ИПАРД програмата, утврдено е дека нема неправилности во самите постапки, што значи дека системот функционира. Да разјасниме за јавноста дека Брисел никогаш не ги блокираше средствата, како што опозицијата предводена од СДСМ ги лажеше земјоделците“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо лаги и шпекулации, се додава во соопштението, ние се фокусиравме на транспарентност, соработка со европските институции и на заштеда на средствата на земјоделците.
„Ова е само уште еден доказ и демант за лагите на СДСМ кои секојдневно ги шири во јавноста. Лагите на СДСМ по кој знае кој пат се демантирани“, порача ВМРО-ДПМНЕ.