ЗЕЛЕНСКИ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ СО САНКЦИИ „Купувате жито што Русија го украде од нас“

„Невозможно е израелските власти да не знаат кои бродови пристигнуваат во пристаништата на една земја и каков товар превезуваат“, напиша Зеленски.

64

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека купувањето жито од страна на Израел од окупираната украинска територија, кое Русија всушност го „украла“, „не може да биде легитимен бизнис“ и дека Киев подготвува санкции против оние кои се обидуваат да профитираат од тоа.

Втор брод што носи такво жито пристигна во пристаниште во Израел и се подготвува да се истовари. Невозможно е израелските власти да не знаат кои бродови пристигнуваат во пристаништата на една земја и каков товар превезуваат“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

„Русија систематски конфискува жито на привремено окупирана украинска земја и го организира неговиот извоз преку лица поврзани со окупаторите. Ваквите шеми ги кршат законите на самата израелска држава. Очекуваме Израел да ја почитува Украина и да се воздржи од дејствија што ги поткопуваат билатералните односи – пишува Зеленски.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха вчера изјави дека израелскиот амбасадор бил повикан во неговото министерство поради купувањето украинско жито од Русија.

Поврзани содржини