ЗАЛАДУВАЊЕ ОД 10 СТЕПЕНИ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ Ладен бран ќе донесе врнежи и снег
Во Скопје и околината в четврток 30 април 2026 се очекува значително заладување на времето, вели познатиот метеопрогнозер Попоски.
Под влијание на значително поладна воздушна маса од север, веќе в четврток 30 април 2026 во Македонија температурите значително ќе опаднат за повеќе од 10 степени во споредба на оние температури кои ги имаме сега.
Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а поради заладувањето на планините над 1.200/1.300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.