ВО ЛАЈПЦИГ ИСЧЕЗНА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО Полицијата никаде не може да го најде
Според информациите на полицијата, службите за грижа за деца во петокот планирале да го преземат нивното едномесечно девојче и да го стават под заштита на државата.
Германската полиција започна потрага по семејство кое исчезнало од градската населба Грунау во Лајпциг, откако надлежните служби не затекнале никого во нивниот стан за време на планирана интервенција за заштита на дете.
Според информациите на полицијата, службите за грижа за деца во петокот планирале да го преземат нивното едномесечно девојче и да го стават под заштита на државата. Меѓутоа, при пристигнувањето во станот не бил пронајден ниту еден член од семејството.
Семејството последен пат било видено истиот ден околу 16 часот, по што им се губи секоја трага. Околностите околу исчезнувањето предизвикале загриженост кај надлежните институции.
Полицијата потврди дека постои основано сомнение за загрозување на благосостојбата на детето, што било и причина за планираната интервенција на социјалните служби.
– Во тек е интензивна потрага, изјави портпаролка на полицијата, додавајќи дека се преземаат сите мерки за што побрзо пронаоѓање на семејството и обезбедување на безбедноста на детето.
Властите побараа од граѓаните да се јават доколку имаат какви било информации за движењето или престојот на семејството.