ТОА БЕШЕ ОБИД ЗА УБИСТВО НА ТРАМП И НА НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ Белата куќа за нападот за време на гала-вечерата со новинарите

„Претседателот Трамп беше навистина бестрашен, но како што рече синоќа, ова политичко насилство треба да заврши“, напиша Ливит.

14

Портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит денеска го опиша нападот на гала вечерата во Вашингтон како обид за убиство на претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација.

Ливит на социјалната мрежа X објави дека вечерата во саботата „била киднапирана од изопачена луда личност која се обидела да го убие претседателот и да убие што е можно повеќе високи функционери од администрацијата на Трамп“.

Ливит, која исто така седеше на ВИП-просторот, рече дека била пренесена на безбедно со Трамп и првата дама Меланија.

„Претседателот Трамп беше навистина бестрашен, но како што рече синоќа, ова политичко насилство треба да заврши“, напиша Ливит.

Мотивот на осомничениот се уште се утврдува од истражните органи, изјави претходно државниот обвинител Тод Бланш. Врз основа на првичните наоди, истражителите претпоставуваат дека цел му биле Трамп и членовите на неговата администрација.

На гала вечерата во Вашингтон со допосниците од Белата куќа, вооружен маж се проби низ безбедносен контролен пункт и испука неклку куршуми пред да биде совладан од безбедносните сили. Трамп и другите гости беа евакуирани од салата.

Поврзани содржини