АЛБАНСКИ МИНИСТЕР ГИ НАРЕКОЛ МАКЕДОНСКИТЕ АЛБАНЦИ „ИДИОТИ“? Министерот Дурмиши побара извинување од Тирана

МНР на Албанија ги негира обвинувањата дека шефот на албанската дипломатијата Ферит Хоџа во групна комуникација на „Вацап“ ги нарекол Албанците во Македонија „идиоти“.

520

Министерот за економија и труд од редовите на ВЛЕН, Бесар Дурмиши жестоко реагираше на наводната изјава на шефот на албанската дипломатија, Ферид Хоџа во која тој во групна комуникација на апликацијата „Вацап“ ги навредува Албанците од Македонија нарекувајќи ги „идиоти“.

На социјалните мрежи, Дурмиши синоќа напиша оти официјална Тирана итно треба да ја објасни скандалозната и разочарувачка реторика употребена кон Албанците кои живеат во Маедонија. За Дурмиши, потегот на Хоџа е крајно неприфатлив и спротивен на секаков етички и професионален кодекс за еден државен претставник.

Дурмиши изрази разочарување и од однесувањето на албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Мејдани, кој не реагирал на ваквиот навредлив речник. Дополнително, го обвини амбасадорот дека практично се претворил во портпарол на одредени политички партии во Македонија.

Оваа реакција на министерот доаѓа откако вчера шефот на пратеничката група на опозициската Демократска парија Газменд Барди го обвини шефот на албанската дипломатијата Ферит Хоџа, дека во групна комуникација на апликацијата за пораки „Вацап“ употребил навредлив јазик кон Албанците во Македонија нарекувајќи ги „идиоти“.

Во меѓувреме, од министерството со кое раководи Хоџа ги демантираа ваквите наводи и обвинувања, а портпаролот Алтео Хиси ги нарече невистинити објави кои немаат никаква врска со реалноста.

Поврзани содржини